За нас

 

И С Т О Р И Ј А Т   И    Д Е Ј Н О С Т

на

ЖИТО МАЛЕШ АД свињарска фарма

с. Смојмирово, Берово

 

 

  1. Податоци за Жито Малеш АД

Акцјонерското Друштво “Жито Малеш” Свињарска фарма се наоѓа во с. Смојмирово општина Берово во атарот на Стојчов дол. АД е регистрирано под Траг 365/98 од 12.06.1998 год утврден БДС 5218152, со претежна дејност одгледување на свињи, шифра 01.46 по ЕКД.

 

  1. Локација

Локацијата на фармата е во село Смојмирово – Берово во атарот на Стојчов дол КО Робово.

 

  1. Основна дејност и историјат на Жито Малеш АД

Акцјонерското Друштво “Жито Малеш” Свињарска фарма с.Смојмирово – Берово се занимава со производство и одгледување на свињи. Во судскиот регистер на регистерскиот суд според статусот на извршената регистрација АД “Жито Mалеш” Свињарска фарма може да извршува и дејностио кои се наведени во Решението од судсикот регистер. Некои од нив се:

020140 СТОЧАРСТВО

  • – одгледување на свињи за месо и маст и прозводство на приплодни грла

“Жито Малеш” Свињарска фарма АД Брово е правен следбеник на ПОС АК МАЛЕШ Берово од 01.07.1998 год се подели на 2 субјекти:

  • Жито Малеш Свињарска фарма АД с.Смојмирово Берово
  • Малеш Експорт АД Берово

Поделбата е извршена со спогодба и превземање на обврските по блокажата на ж. с-ка на АК Малеш бр. 40410-601-5764 за обврски по основ на данок, придонеси, судски решенија и акцептни налози. Записник бр. 0503-53 за утврдување на позициите на сметките на делбениот биланс, спогодба 01-03-90 за поделба на акционерскиот влог вложен во акции на Стопанска банка АД Скопје, како и други попратни документи.

Од 01.07.1998 година “Жито Малеш” Свињарска фарма АД Берово работи самостојно со посебна жиро сметка.

Фармата е основана 1979 год. со годишен капацитет од 15.000 гоени свињи. За своето 35 годишно работење повеќе пати го има менувано правниот статус. До 1985 год. работи во состав на ЗИК “Малеш” Свињарска фрма АД Берово “Малеш” Берово како ООЗТ, во 1986 год. работи како ООЗТ во составот на РО КИФ “Македонија” од Свети Николе, а во почокот на 1987 год. се издвојува како самостојна РО “Сточарство” Берово, од 1988 е под стечај а од 1989 год. во склоп на ЗИК “Малеш” Берово. По што од 01.02.1997 год се приклучува во системот на Жито Вардар и од 01.07.1997 год е регистрирано самостјоно АД “Жито Малеш” Свињарска фарма. А во 2014 година Жито Вардар го продава својот дел од акците на свињарската фарма ДЕЛМЕС од Делчево и од 28.02.2014 година станува доминантен сопственик во Акционерското друштво.

 

Жито Малеш АД свињарска фарма од Берово располага со 17 објекти кое се наоѓаат на горе наведената локација и се во сопственост на правното лице. Фармата моментално располага и со млин за производство на сточна храна, кој е под закуп со броја на договор 0202-71 склучен на 01.04.2014 година со фирмата Пела Милан ДООЕЛ од Владимирово. Млинот работи исклучиво за потребите на Жито Малеш АД.

Моментално во Жито Малеш АД свињарска фарма од Берово се вработени 36 луѓе. И истата работи со полн капацитет.